Српскиот ракометен голман Владимир Цупара, нема да ја пропушти цела сезона, туку ќе отсуствува најмалку еден месец, пренесува српскиот портал „Моцарт спорт“.
Искусниот голман заработи повреда на натпреварот против Е.Пелистер, откако се судри со Усама Хосни.
По лекарските прегледи направени над Цупара константирано е дека голманот имал само истегнување на лигаментите и ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.