Црногорскиот стратег Драган Аџиќ си поднесе оставка на тренерската позиција во словенечкиот првак Крим Меркатор.
По поразот од Мец во Лигата на шампионите на домашен терен, Аџиќ поднесе оставка, а истата беше прифатена од страна на раководството.
Иако Крим ја стартуваше одлично новата сезона во елитната конкуренција и запиша четири победи, сепак потоа доживеа три порази во серија, од кои два дома. Крим загуби дома од ЧСМ Букурешт и Мец, а беше поразен и на гости кај Ференцварош.