После унгарски Веспрем, германски Магдебург е вториот финалист на Светското клупско првенство во ракомет, откако во полуфиналето го совлада египетски Ал Ахли после голем пресврт во вториот дел.
После првото полувреме египетскиот тим имаше предност од 12-15 и беше на праг на изненадување.
Меѓутоа во второто полувреме германскиот тим направи целосен пресврт, го доби полувремето со 16-9, и така со 28-24 обезбеди големо финале.
Таму ќе игра против Веспрем, кој претходно ја изенанади и ја елиминираше Барселона со 39-34.