На два месеци до почетокот на новата ракометна сезона, донесена е важна одлука за бројот на странски ракометари во домашните натпреварувања.
Имено, по предлог од страна на клубовите од машката Супер лига на конференција на клубови Управниот одбор ја донесе следната одлука:
„Во сезона 2025/2026 бројот на странски ракометари на натпревар во завршниот дел од сезоната (плеј-оф и плеј-аут) во домашното првенство може да биде девет ракометари.Од вкупната бројка на странски ракометари право на настап имаат шест ракометари кои што имаат настап за својата национална репрезентација во било која селекција (сениорска, младинска, кадетска).Од вкупната бројка на странски ракометари, три ракометари да можат да настапат без ограничување од претходната точка по слободен избор на клубовите“.
Новата сезона во најсилниот ранг предвидено е да започне во првата недела на септември.