РК Вардар 1961 лесно се справи со Радовиш во средбата од 14. коло од првата ракометна лига
„Црвено-црните“ одиграа топ одбрана против фенерџијата во Суперлигата кој на соочувањето во Скопје постигна само 13 голови (33:13). Гостите беа особено лоши во вториот дел кој го завршија со само три реалиазции.
Најефикасен кај победникот беше Родригез со седум гола, пет пак имаше Петриќ. Добра вест за вардарци е што на теренот се врати и македонскиот репрезентативец Милан Лазаревски, односно неговиот кам-бек доаѓа пред дербито со Битола против Еурофарм Пелистер.
Бутел пак едно полувреме беше максимално конкурентен на Алкалоид (16:15), но тоа ниво не до задржа во вториот дел и претрпе пораз од четата на Кирил Лазаров со 32:24.
Серафимов со шест гола беше лидер кај Алкалоид, Николов за гостите даде девет погодоци.
На првата пак денешна средба Тиквеш како гостин беше подобар од Куманово со 29:26 додека на останатите две средби
Ракометарите на Тинекс Пролет целосно и се одмаздија на Струга за поразот во првата сезонска меѓусебна пресметка, сега во 14. коло убедливо славеа со 38-26 додека Охрид, пак, убедливо со 38-28 славеше против Прилеп во натпревар во кој охриѓани уште во првото полувреме имаа предност од 19-16.