Словачката јавност ја потресе трагичната вест за смртта на ракометарката Синтија Симсик, која беше пронајдена мртва во близина на местото Велки Медер.
Телото на Симсик било завиткано и фрлено. Обвинет засега е нејзиниот 44-годишен партнер, кој се соочува со 25 години затвор.
Симсик била пријавена за исчезната пред пет дена од страна на нејзиниот татко, а телото било пронајдено во понеделник вечерта на местото каде што најчесто си играле нејзините деца.