Амбициозниот ГРК Охрид од следната сезона во своите редови ќе го има унгарскиот репрезентативен десен бек Доминик Мате, кој неодамна се раздели со норвешки Елверум.
Овој 27-годишен ракометар висок 201 сантметар, има четири сезони зад себе во Лигата на шампионите, а од 2022 до 2024 беше во Пари Сен Жермен.
Своето деби за унгарската репрезентација го имаше на Светското првенство во 2019 година како деветнаесетгодишник.