Унгарската ракометарка, Доротја Киш (21), трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа, објавија локалните медиуми.
Таа настапуваше за клубот ЕРД и беше дел од младата репрезентација на Унгарија. Киш беше една од најперспективните млади спортистки во својата земја, која пред три години освои сребрен медал на Светското првенство за ракометарки до 20 години.
„Со длабока тага ги информираме членовите на нашата заедница дека нашата ракометарка Доротја трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа. Играше за нашиот клуб повеќе од десет години. Имаше само 21 година“, се наведува во соопштението на нејзиниот клуб ЕРД.