На коло пред крајот на главната фаза, репрезентациите на Унгарија и Франција веќе обезбедија пласман во полуфиналето од Европското ракометно првенство во женска конкуренција.
Двете селекции денеска остварија убедливи победи и во меѓусебниот дуел во вторник ќе одлучуваат за првото место во групата. Унгарија денеска ја совлада Романија со 37-29, додека Франција беше подобра од Шведска со 31-27.
Многу блиску до пласман во полуфиналето од другата група е Норвешка, додека за последното место најверојатно ќе се борат Данска и Холандија.