Репрезентацијата на Унгарија во драматичен натпревар славеше победа над Франција 25:24 во битката за третото место на Европското првенство.
Натпреварот започна со неизвесна игра и неколку пресврти на двете страни, а Унгарија потоа влезе во мини-серија за предност од 10:7, но Франција до крајот на полувремето се врати во игра и намали на 12:13.
Во второто полувреме Франција постојано беше во негатива, а вво финишот успеа да направи пресвврт поведувајќи со 22:21. Унгарките сепак во завршницата го возвратија ударот и славеа победа од 25:24.
Гита Клујбер беше најефикасна во редовите на Унгарија со девет гола, додека по четири постигнаа Фопа и Зеди Деуна од спротивниот табор.