Ракометниот клуб на Алкалоид запиша убедлив триумф над Прилеп од 45:23 во првата средба од 4. коло во Суперлигата.
Домаќините уште во првиот дел ги решија сите дилеми околу победникот откако се стекнаа со двоцифрена предност (23:13) предност која продолжија да ја зголемуваат и во вторите 30 минути.
Со ова Алкалоид го задржа 100 процентниот учинок во шампионатот, а лидер во најновиот триумф кога се во прашање стрелците бе крилото Костески со седум погодоци.
Во наредното коло четата на Лазаров му гостува на Тиквеш во Кавадарци.