Во 20. коло од ракометната Суперлига, Еурофарм Пелистер забележа убедлива победи, додека Пролет и Струга одиграа драматично реми.
Шампионот на Македонија Е. Пелистер убедливо го совлада Радовиш со 17-42, со девет гола на Кузмановски.
Во Скопје, Пролет и Струга ремизираа 28-28 во неизвесен финиш, а Прилеп предводени од Димитриоски и Шипинкоски ја искористи шансата во битката за плеј-офот и го победи Тиквеш со 33-26.