Ракомет

Убава вест – РФМ аплицираше за СП до 21 година во машка конкуренција

Убава вест – РФМ аплицираше за СП до 21 година во машка конкуренција

Ракометната Федерација на Македонија има доставено апликација за организација на Светско првенство во машка конкуренција до 21 година кое ќе се одржи во 2027 година.

Домаќин на овој Мундијал би бил нашиот главен град Скопје, а во понудата на раководството на РФМ се нашле четири сали.

Според информациите ИХФ веќе бил во контрола на истите. Станува збор за следните сали: „Јане Сандански“, „Борис Трајковски“, „Расадник“ и големата сала во „Кале“.

„Расадник“ е во завршна фаза на изградба, додека пак салата во „Кале“ е под клуч бидејќи истата од страна на МКФ еше прогласена за небезбедна за играње.

Истата според најавите треба да биде реновирана до стартот на шампионтот, па ќе биде ставена за употреба за едно вакво големо натпреварување.

На стартот на месец март, ИХФ ќе ги извести во РФМ дали ги исполнуваат условите за да бидат домаќини на едно големо младинско натпреварување.

To top