Ракомет РФМ

Томовски: Сите функциониравме како едно

Сите функциониравме како едно, ги минимизиравме грешките, бевме сплотени, во нападот функциониравме беспрекорно и на крајот стигнавме до нерешено, истакна Томовски.

Томовски: Сите функциониравме како едно

Во натпреварот со Португалија сите македонски ракометари одиграа на високо ниво, но во последниот напад на противникот се истакна голманот Мартин Томовски со двете извонредни интервенции.

– Среќни сме, но исто така и жалиме што можеби пропуштивме шанса и да победиме, ама мора да се признае дека покажавме добра психолошка состојба во второто полувреме, во кое иако губевме не се предадовме и резултатски се вративме. Сите функциониравме како едно, ги минимизиравме грешките, бевме сплотени, во нападот функциониравме беспрекорно и на крајот стигнавме до нерешено.

За следниот натпревар Томовски не губи надеж да дојдеме до посакуваниот резултат.

– Чуда се случуваат. Со Фарски Острови во Македонија покажавме дека може да се радуваме, да надополниме голема разлика и се надевам дека може да одиме во следната фаза, изјави Томовски, кој дуелот го заврши со осум одбрани.

Дуелот со Романија македонските ракометари го играат во вторник од 18 часот.

To top