Селекторот на Данска, домаќинот на следното Европско првенство, Николај Јакобсен, веројатно нема да може да смета на левиот бек Томас Арнолдсен.
Првата ѕвезда на Алборг заработи фрактура на коската под коленото на натпреварот од Лигата на шампионите против Киелце, што автоматски значи пауза од најмалку три месеци.
Покрај Арнолдсен, со повреди се соочуваат и Расмус Лауге, Ласе Милер, Арон Менсинг и Јакоб Холм, но главоболките за Јакобсен, кој може да смета на Ласе Ардерсон и Симон Питлик на таа позиција, сигурно не се преголеми.