Домаќините одлично го почнаа мечот и поведоа со 7-2, нас ни требаше време да ги консолидираме редовите, во продолжението заигравме нешто подобро и успеавме да дојдеме до 8-6. Но Фарски Острови повторно ја зголемија предноста и на полувреме се замина со 18-14.
Во вториот дел беше слично, ракометарите на Фарски Острови постепено ја зголемуваа предноста, а ние бевме немоќни да ја намалиме негативата, на крајот тие славеа со 34-27.
Филип Кузмановски со осум гола беше нашиот најдобар стрелец, по пет дадоа Марко Митев и Никола Костески.
Во составот на Фарски Острово најефикасен беше нивниот главен играч, Елиас Елефсен Скипаготи кој постигна десет голови. Митревски фати шест топки, голманите на Фараните заедно имаа толку.