Ракомет

Суперлигашите славеа лесно во машкиот ракометен Куп

Суперлигашите славеа лесно во машкиот ракометен Куп

Екипите на ГРК Охрид, МРК Куманово, Радовиш и Мулти Есенс се првите патници во следната фаза од ракометниот Куп на Македонија, откако лесно ги минаа своите пречки.

Охриѓани не видоа мака и пред своите гледачи славеа над тимот на Шампион со 45-10 (23-6).

МРК Куманово исто така дома го победи струмички Астраион со 35-18. Иван Димитров беше двоцифрен кај победникот со 11 гола, а Арсовски и Стојановски погодија по пет пати. Кај гостинот, Кире Георгиев заврши со седум гола.

Радовиш ја оправда фаворитската улога со Скопје кого го совлада со 44-19 (25-9). Славе Јанковски имаше одличен меч и броеше до 16 гола, пред Петар Стојаноски со девет гола, а кај Скопје, Радуловиќ, Антиќ и Рангелов имаа по три гола.

Во следната фаза патува и тимот на Мулти Есенс, кој мина без борба против Преспа Вардар, затоа што тимот не допатува во Скопје.

To top