Ракометниот вицешампион на Македонија, Алкалоид го забележа и вториот пораз сезонава во Лигата на Европа откако вечерва на домашен терен во 3. коло загуби од данскиот Бјерингбро Силкеборг со 23-31.
Пикерот на македонскиот тим, Марко Стојковиќ се сложува со својот тренер дека со голем број промашени пенали не може да се победи квалитетен тим како Силкеборг.
„Беше тежок натпревар. Во првиот натпревар одигравме добро, но голем проблем ни беа промашените пенали. И второто полувреме го почнавме добро, но како одминуваше мечот едноставно паднавме во играта. Ова мора да биде школа за нас и да продолжиме да работиме да бидеме подобри во иднина“, изјави Стојковиќ.