Ракомет

Стојковиќ: Да се обидеме да наметнеме брза игра против Романци

Стојковиќ: Да се обидеме да наметнеме брза игра против Романци

Македонскиот репрезентативец Кристијан Стојковиќ со нетрпение го очекува денешниот меч од ЕП со Романија.

„Ја архивиравме Португалија во клубот играм како преден во пет еден зона. Фокусот мора да го пренасочиме на Романија и да го заборавиме вчерашниот дуел. Имаме тешка задача, прво мора да победиме, а ако се отвори шанса и резултатски да направиме разлика. Останува само верба, фокус и да ги испратиме насоките на селекторот.

Романците се поразлични од Португалија и Данска технички и тактички се побавни. Тие сакаат повеќе дуел игра. Ќе се обидеме да ја одржиме нашата брза игра и да извлечеме максимум. Многу е важно за нас што имаме опции, конкуренцијата вади квалитет. Според мене најранлива позиција и тешка со дуели е пивотменската и мора да има ротација.

To top