Ракомет РФМ

Стефанов им порача на ракометарите: Ја израдувавте целата нација

Македонските ракометари утре од 18 часот играат против Романија во рамки на третото коло од Групата Б на Европското првенство.

Стефанов им порача на ракометарите: Ја израдувавте целата нација

Првиот човек на македонскиот ракометар Александар Стефанов им честиташе на избраниците на селекторот Кирил Лазаров за прикажаната игра на натпреварот против Португалија (29-29), порачувајќи им без притисок да влезат во утрешниот дуел против Романија.

„Ова реми е еднакво на победа. Да знаете, ги израдувавте сите Македонци во оваа сала, а и целата нација. Храбро, машки и борбено. За жал, немавме среќа на крајот, но покажавме дека имаме карактер, дека можеме да се вратиме од „минус пет“ и дека можеме да играме со селекции кои се во ТОП 5 во светот“, истакна денеска претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) на софицијалните мрежи.

Македонските ракометари утре од 18 часот играат против Романија во рамки на третото коло од Групата Б на Европското првенство.

„Ви честитам и само напред без притисок кон победа против Романија!“, порача Стефанов.

To top