Европската ракометна федерација (ЕХФ) започнува нов проект, во кој ќе биде вклучен и македонскиот ракомет.
Имено, од пролетта 2025 година почнува младинската Лига на шампиони, со шеснаесет учесници. Во првото издание ќе учествуваат учесниците и во сениорска конкуренција, па Македонија ќе ја претставува Еурофарм Пелистер.
Предвидено е да се играат четири турнир со по четири екипи во април 2025 година, по принципот – полуфинале и финале. Победниците за секојј од четирите турнири ќе играат младински „фајнал-фор“ во „Ланксес Арена“ во Келн во јуни 2025 година, како предигра на завршницата во сениорска конкуренција.
Деталите на натпреварувањето ќе бидат познати наскоро, а се очекува и ждрепка за составот на групите на почетокот на 2025 година. Младинската Лига на шампиони вклучува ракометари до 18 години, а со оглед на тоа што битолчани имаат две младински екипи во Суперлига, а двајца младинци играат за Еурофарм Пелистер и во сениорите, нема да им треба многу да пријават компетитивна екипа.
Овој проект е од големо значење за развојот на младите ракометари и нуди неколку меѓународни натпревари, кои се од голема корист за искуството на спортистите.