Првото изненадување на Европското првенство го приредија ракометарите на Србија кои по голема борба ја совладаа Германија со 30:27.
На вториот дуел од А групата Шпанија ја совлада Австрија со 30:25.
Неизвесен дуел во Осло одиграа Норвешка и Чешка, во која кодомаќинот Норвешка во вториот дел ја обезбеди победата со 29:25.
На првиот дуел од групата Франција ја совлада Украина со 46:26.