Српскиот репрезентативец Мијајло Марсениќ доживеа незгодна повреда која може да го оддалечи од претстојниот бараж против Шпанија за пласман на Светското првенство.
Искусниот ракометар заработил скршеница на малиот прст од левата рака и не се знае дали ќе може да му се стави на располагање на селекторот Борис Ројевиќ.
Повредата се случи на бундеслигашкиот меч против Мелзунген, а паузата веројатно ќе биде со времетраење од четири до шест недели.
Доколку се потврдат овие прогнози, поранешниот член на Вардар и Металург сигурно нема да може да им помогне на „орлите“ на баражот со Шпанците, кој треба да се одигра 8 и 12 мај.