Ракомет

Состанок и идеја за враќање на регионалната ракометна лига

Состанок и идеја за враќање на регионалната ракометна лига

На иницијатива на ЕХФ, предводена од Предраг Бошковиќ во Загреб се одржа работен состанок посветен на унапредување на регионалната соработка и системите на натпреварување.

На состанокот беше присутен и претседателот на РФМ, Александар Стефанов, а на истиот беа резгледани неколку теми:

– Формирање регионални машки и женски лиги за клубови

– Можност за старт на женска регионална лига од септември 2026

– Машка регионална лига од следната година или обновување на СЕХА лигата

– Предлог до ЕХФ за нов систем на натпреварување во Лигата на шампиони

– Иницијатива првите две кола од ЕХФ Купот да бидат регионални

– Формирање регионална кадетска лига за репрезентации

– Овие иницијативи имаат за цел поголем развој, конкурентност и напредок на ракометот во регионот.

Поврзани теми

To top