Ракомет

Словенија ќе ја пречека Македонија во Копер

Словенија ќе ја пречека Македонија во Копер

Словенечката ракометна федерација ги пушти билетите за квалификацискиот натпревар за пласман на Европското првенство, каде „змајчеки“ ќе се сретнат со репрезентацијата на Македонија.

Натпреварот ќе се одигра на 16 март годинава, а домаќин ќе биде градот Копер, односно Арената „Бонифика“, која има капацитет од 5.000 седишта. Цената на билетите е прилично евтина и достапна за сите љубители на ракометот, па така наавивачите ќе можат да си набават влезница за само 12 евра.

Претходно Македонија и Словенија ќе играат на 12 или 13 март во Скопје .Во нашата група се уште селекциите на Естонија и Литванија со кои ќе се сретнеме во последните две кола, закажани за 8 и 11 мај.

To top