Ракомет

Слободен влез за мечот Македонија – Литванија

Слободен влез за мечот Македонија – Литванија

Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија во недела ќе го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство 2024.

Избраничките на Кристијан Грчевски за последен ривал од квалификациите ја имаат репрезентацијата на Литванија.

Пред дуелот со балтичката земја, македонската репрезентација на 3 април ќе се соочи со Азербејџан во Баку.

Натпреварот со Литванија ќе се одигра на 7 април со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а влезот за сите љубители е слободен.

Европското првенство 2024 ќе се одржува во три земји – Швајцарија, Австрија и Унгарија.

To top