Откако пропаднаа преговорите меѓу гигантите Фуксе Берлин и Фленсбург околу ангажманот на данскиот репрезентативец Симон Питлик, иако трансферот веќе беше договорен за 2027 година преку активирање на излезна клаузула, клубот од Берлин се обиде да го доведе уште ова лето, со цел да ја пополни празнината по заминувањето на Ласе Андерсон.
Понудите на германскиот шампион беа исклучително високи.
Во првата, Фуксе Берлин понуди пакет кој вклучуваше 750.000 евра и норвешкиот талент Тобијас Грондал, но раководството на Фленсбург ја одби оваа опција.
Потоа следеше и подобрена понуда од дури 1,5 милиони евра, што би претставувало еден од најголемите трансфери во историјата на ракометот, особено за играч кој би пристигнал пред договорениот рок.