Селекторот на Хрватската ракометна репрезентација Дагур Сигурдсон е миленик на јавноста во Хрватска. Секоја чест за ракометарите, но Исланѓанецот е најзаслужниот.
Токму на пречекот на плоштадот “Бан Јелачиќ“ во Загреб за него имаше и тоа како големи овации.
А тој изненаден од тоа што го гледа само кусо им порача на насобраните:
“Вие сте сосема ЛУД народ! Ве сакам! Го сакам својот тим, ги сакам сите, но најмногу Пешиќ“ и го прегрна голманот на Хрватска.