Хрватската ракометна репрезентација одбројува ситно до почетокот на Светското првенство, на кое ќе биде еден од домаќините. Селекторот Дагур Сигурдсон за хрватските медиуми зборуваше за актуелни теми пред СП.
„Матеј е целосно надвор од комбинација. Уште не почнал да тренира и мислам дека таа тема е завршена“, јасен е Сигурдсон.
Во следниот период Хрватска ја очекуваат два пријателски натпревари со Македонија и Словенија.
„Имаме два подготвителни натпревари со Македонија и Словенија. Нашата главна цел е да се подготвиме што е можно подобро. Се надевам дека навивачите ќе нè поддржат. На играчите им е потребна поддршка.
Иако можеби не сме најголеми фаворити на турнирот, може да одиграме одлично, доколку има синергија меѓу играчите и навивачите“, заврши исландскиот стручњак на хрватската клупа.