ИХФ одлучи да ѝдодели специјална покана на Швајцарија за учество на Светското првенство во ракомет кое ќе се одржи од 14 јануари до 2 февруари 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.
Економскиот аспект и можноста за продажба на ТВ правата е одлучувачки Швајцарија да добие специјална покана, која беше елиминирана од Словенија во мундјалскиот бараж.
Во трката за специјална покана беа и Србија, Саудиска Арабија, Кина, Црна Гпра, Грузија и Грција.