Македонскиот машки ракометен шампион Еурофарм Пелистер од Битола денеска ги стартуваше подготовките за новата сезона.
Тренерот на екипата Бранко Ангеловски прозиваше, а на првиот тренинг во „Боро Чурлевски“ беа присутни сите ракометари, освен Нејц Цехте кој ќе настапи на Олимписките игри во Париз.
Пелистерци ќе тренираат во Битола и на Златибор, а потоа ќе настапат на турнирите во Струга и во Добој, каде ќе имаат силни проверки.