Ракомет сп ракомет

Серафимов: Не сакам да бидам арогантен, но очекувавме ваков резултат!

Мартин Серафимов со два гола учествуваше во сигурната победа на Македонија над Гвинеја, по која обезбедивме пласман во главната фаза од Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка. По средбата со африканската селекција бекот на Алкалоид вели дека ваков резултат беше за очекување (29-20).

„Среќен сум затоа што победивме, не сакам да бидам арогантен, но очекувавме ваков резултат. Сега ни следуваат дуели со Австрија, Катар и Франција во вториот круг. Ние иако кратко се спремавме, не дозволивме противникот да нè изненади. Малку ни беше потешко да се вратиме од оној меч со Холандија, но на крај излеговме победници и тоа е најважно. Сите добија шанса на терен од селекторот, сега одиме напред и енергетски сме подготвени за следната рунда“, рече Серафимов.

Македонија во главната фаза ќе патува од третата позиција и ќе понесе еден бод.

To top