Македонскиот ракометен репрезентативец Мартин Серафимов истакна дека се спремни за новиот предизвик и во шампионатот ќе влезат без никаква ментална и психичка пречка.
„Можам да кажам дека имаме многу квалитетни играчи во ростерот. Сите играат во клубовите, имаат минутажа и играат силни натпревари. Останува само да се доусовршеме и да се воиграме повеќе. Не знам за тактичкиот дел, но гарантирам дека ќе го дадеме максимумот. За желбата нема никаква споредба, без разлика дали противник ќе ни биде Данска, Португалија или Романија.
Против сите влегуваме со сто проценти. Данска е ракометен гигант, Португалија е во подем има играчи што играат редовно во ЛШ и имаат поквалитетни натпревари, но ние ќе се бориме до последна минута и мислам дека сè ќе се заврши позитивно. Што се однесува до Романија, сигурно дека нема да ја потцениме. Мислам дека сме на добар пат на ЕП да влеземе како што треба, без никаква ментална и психичка пречка“, изјави ракометарот на Алкалоид.