РК Бутел парираше во првите 30 минути кои завршија со резултат 15:16, но Вардар успеа да го скрши отпорот во вториот дел и да дојде до мирна завршница во која славеше со три гола разлика 27:30.
Покрај Вардар, победа во вонредното коло во ракометната Лига оствари и Еурофарм Пелистер, тим кој успеа да се опорави по болниот пораз од Вардар.
„Зелено-белите“ немаа проблеми против Тинекс Пролет и убедливо славеа на домашен терен со 30:21.
Екипата на Куманово дојде до втората победа оваа сезона, откако на гостувањето кај Бисинов слвеше со 25-30 во меч од петтото коло во Супер-лигата додека РК Прилеп беше подобар од Радовиш со убедливи 35-24.