Ракометниот репрезентативец на Норвешка, Сандер Сагосен ја напушти својата татковина и се врати во клубот за кој веќе настапуваше од 2014 до 2017 година-тоа е составот на Алборг.
Средниот бек досега беше дел од Колстад кој за овој трансфер ќе добие добро обештетување кое сигурно ќе помогне за подобрување на финансиската состојба на клубот.
Сагосен нема да може да игра за Алборг во преостанатите натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите, но потоа ќе биде на располагање и ќе биде сериозно оружје, засилување за напад на европската титула.