Македонската женска ракометна репрезентација со пораз го започна турнирот „Трофеј Карпати“, каде загуби од соодветната селекција на Романија со убедливи 36-25.
Девојките одиграа солидно прво полувреме и имаа негатива од четири гола (16-12), но во вторите триесет минути домаќинот ја покажа својата сила и сосема заслужено се радуваше на триумфот.
Во следното коло Македонија ќе игра со селекцијата на Словачја Нашите ракометарки се подготвуваат за настапот на ЕП кое ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцарија.