Ракомет

Ројевиќ: Ова е историски успех за Охрид!

Ројевиќ: Ова е историски успех за Охрид!

Ракометарите на Охрид и како гости ја победија Дукла Прага и се пласираа во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ.

По втората победа над Дукла, овојпат во Прага свој коментар имаше и тренерот Борис Ројевиќ.

„Многу сум задоволен. Победивме со шест гола разлика на гостински терен, ова е голема вечер за нас и веќе запишавме шест победи досега во Европа сезонава. Секогаш може подобро, јас секогаш се стремам кон подобро, но задоволен сум. Ова е историски успех за Охрид. Беше задоволство да се игра пред 120-130 наши навивачи. Тие поминаа долг пат и беа многу гласни.

Мојот најголем успех е секако освојувањето на ЕХФ Купот со Војводина. Во последните 6-7 сезони, ова е најквалитетниот ЕХФ Куп. Рунар беше еден од најтешките ривали минатата година, а сега загубија од Татабања, која има буџет пет милиони евра, со пет гола разлика. Има одлични тимови, Целје има многу репрезентативци, Олимпијакос со најсилниот состав досега, Бузау со два милиони евра буџет е најсилниот романски клуб по Динамо Букурешт. Но, и ние сме тука и нема да се откажеме“, изјави Ројевиќ.

To top