Ракомет

Ројевиќ:Ништо не е готово

Ројевиќ:Ништо не е готово

Македонскиот ракометен клуб ГРК Охрид направи огромен чекор кон пласман во полуфиналето на Европскиот куп, откако во првиот четвртфинален натпревар славеше убедлива победа на гостувањето кај Олимпијакос во Атина со резултат 31-25.

Тренерот Борис Ројевиќ изрази задоволство од изданието на своите ракометари, но истовремено предупреди дека двомечот сè уште не е решен.

„Честитки до играчите за максималниот ангажман и за тоа што ги испочитуваа сите тактички задачи. Одигравме на високо ниво против квалитетен противник кој секогаш настапува со голема енергија. Сепак, ништо не е завршено. Имаме пример од минатата сезона кога Олимпијакос успеа да надомести негатива на гостински терен, па затоа мора да останеме фокусирани“, изјави Ројевиќ за „Охрид Њус“.

To top