Ракометарите на Вардар 1961 ја остварија осмата победа на деветтиот меч во натпреварувачката 2024/2025 во Суперлигата.
„Црвено-црните“ беа подобри од Тиквеш во Кавадарци со резултат 32:23. Првиот дел мина во изедначена игра и минимално водство на гостите од Скопје 12:11.
Маргели со осум и Крсманчиќ со шест гола беа најефикасни кај Вардар, додека Анастасовски и Манасков имаа по пет реализации кај Тиквеш.
На првиот меч во саботата Бутел ја доби драмата со Бисинов со 26:25.