Ракометниот клуб Вардар оствари победа во натпреварот против ГРК Охрид.
Охрид беше подобар во првите две третини од првото и второто полувреме, но Вардар беше на висина на задачата кога беше најпотребно, па така го доби овој натпревар со 29:26.
Столе Стоилов мораше да бара најдобро издание од своите играчи за да се освојат бодовите во Скопје, а Стефан Петриќ со шест голови беше најефикасен во домашниот табор.
За разлика од Вардар, Еурофарм Пелистер беше доста поубедлив против Бутел, па така во меч кој го диктираше од почеток до крај, на крајот славеше со 24:29.