Ракомет

РК Тиквеш подобар од РК Прилеп, Врање го совлада МРК Куманово

РК Тиквеш подобар од РК Прилеп, Врање го совлада МРК Куманово

Два натпреварите вчера се одиграа на вториот ден на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.

Тимот на МРК Куманово беше поразен од Врање со 35-25,  додека РК Тиквеш го совлада РК Прилеп со 28-26.

На првиот меч кај РК Врање најдобар беше Даниел Андоновски со осум гола додека во составот на МРК Куманово се истакна бразилскиот десен бек Чиао Винисиус со десет гола.

Домаќинот Прилеп го забележа вториот пораз, овојпат од Тиквеш со 28-26 и ќе игра за петтото место в недела.

Во тимот на Тиквеш се истакнаа Анастасовски и Манасков со по седум гола, а по пет дадоа Кофилоски и Димовски, додека кај Прилеп шест даде Квастек, а по четири пати погодија Шабановиќ и Кастратовиќ.

 

To top