Ракометарите на актуелниот македонски шампион Еурофарм Пелистер се во турција Турција, каде што викендов ќе учествуваат на Купот на Пријателство.
Заедно со тимот од Битола на овој подготвитетелен турнир ќе настапат уште три екипи.
Во полуфиналето в петок од 18.00 часот Еурофарм Пелистер ќе се сретне со Чеховски Медвеви од Русија.
Следниот ден, во зависност од исходот, нашиот претставник ќе игра со Мешков Брест од Белорусија или со АЕК Атина од Грција.
Натпреварите на овој меѓународен турнир ќе се играат во турскиот град Болу.