Ракомет

РК Еурофарм Пелистер ги објави деталите за продажба на сезонските билети

РК Еурофарм Пелистер ги објави деталите за продажба на сезонските билети

Македонскиот машки ракометен шампион, Еурофарм Пелистер, започна со претпродажбата на сезонските билети.

Во пресрет на отпочнувањето на новата ракометна сезона 2024/25 клубот преку соопштение ја извести јавноста за деталите поврзани со билетите за натпреварите на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 во домашното првенство и Лигата на шампионите.

„Во следните шест дена им даваме приоритет на сезонските претплатници од минатата сезона (2023/24), кои имаат можност да ги задржат своите места и за оваа сезона. До среда, 14 август 2024 година, сите сезонски претплатници од минатата сезона ќе може да си го задржат своето место на домашните натпревари на Еурофарм Пелистер во сите натпреварувања во спортската сала „Боро Чурлевски. 

Потврдата за задржување на сопственото место во спортската сала „Боро Чурлевски“ испратете ја на клупскиот мејл – [email protected], со напомена на вашето име и презиме и местото на трибината. 

Цените на сезонски билети за натпреварувачката 2024/25 година за сите натпревари во сите натпреварувања ќе изнесуваат: 6.500 денари (Централни позиции – јужна и северна трибина) 5.500 денари (Странични позиции – јужна и северна трибина)

Што добивате со сезонскиот билет ?
* Ваше загарантирано место и присуство на сите натпревари во сите натпревари на домашен терен на РК Еурофарм Пелистер.
* На сите натпревари влегувате на посебен влез без гужви и чекање.
* Станувате дел од клубот на лојални подржувачи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2 и добивате можност за 10% попуст при купување на производи од Фан-продавницата на клубот.
* Добивате плакета „Наш лојален поддржувач“ со фотографија и потпис од сите играчи на РК Еурофарм Пелистер и РК Еурофарм Пелистер 2“, соопштија од клубот.

Продажбата на сезонските билети за останатите навивачи, симпатизери и приврзаници ќе започне следната недела.

To top