Ракомет

РК Е.Пелистер се засилува со бразилски репрезентативец

РК Е.Пелистер се засилува со бразилски репрезентативец

Македонскиот ракометен шампион РК Еурофарм Пелистер од наредната сезона во своите редови ќе се засили со  бразилското десно крило Рудолф Хакбарат кој во Битола ќе пристигне од редовите на шпанската Асобал лига каде што му завршува договорот со тимот на Куенка.

Во редовите на Пелистер, 31-годишниот бразилски репрезентативец пристигнува по шест сезони минати во шпанскиот ракомет и се очекува да биде големо засилување за тимот предводен од Раул Алонсо.

 

To top