Ракомет

РК Е.Пелистер поразен од ПСЖ !

РК Е.Пелистер поразен од ПСЖ !

Ракометарите на Е.Пелистер одново одиграа фантастично во Лигата на шампионите, но немаа сили до крај да се надигруваат со моќниот ПСЖ и го забележаа првиот пораз во новата сезона во ракометната елита. Македонскиот шампион долго време играше рамо до рамо со фаворизираниот противник, во неколку наврати имаше и водство од три гола, но попушти концентрацијата во финишот и искусниот домашен тим го искористи тоа и на крај славеше со 33-27 (16-16).

Најдобар поединец кај домашниот тим беше Пранди со 11 гола, а Шипжак имаше седум. Кај македонскиот шампион прв стрелец беше Манасков со пет гола, еден помалку имаше Кузмановски, а Цехте заврши со три гола. Во следното коло во Битола гостува тимот на ГОГ Гудме, додека ПСЖ гостува кај ПИК Сегед.

 

To top