Ракомет

РК Е.Пелистер 2 го совлада Прилеп и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

РК Е.Пелистер 2 го совлада Прилеп и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Е.Пелистер 2 се освојувачи на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, откако во битката за трофејот славеа сигурна победа над домаќинот Прилеп со 26-32 (17-15).

Третото место на турнирот во Прилеп го освои тимот на Пролет, кој по пеналите славеше над суперлигашкиот ривал Тиквеш, додека петтото место му припадна на Бутел со победата над Црвена Звезда.

To top