Ракомет

РК Бутел е вториот финалист на турнирот во Струга

РК Бутел е вториот финалист на турнирот во Струга

Тимот на Бутел од Скопје победи во директната пресметка со ГРК Тиквеш со 31-30 и така обезбеди пласман во 53. издание на Струшкиот ракометен турнир. Во мечот за трофеј ќе играат против ГРК Охрид.

Најдобар стрелец кај победникот беше Филип Николов со девет гола, пред Бојан Спасовски со седум, додека кај ГРК Тиквеш, прво име беше Димитар Коцев со 11 гола, од кои осум беа во првото, а Мохамед даде шест.

На струшкиот турнир, Струга и Раднички Крагујевац ќе играат за петтото место (10:30), додека Тиквеш и Бурса ќе се судрат за третото место од 18:30 часот. Финалето меѓу ГРК Охрид и Бутел Скопје е закажано од 20:40 часот.

To top