Актуелниот Куп-освојувач на Македонија, екипата на Алкалоид, ја оправда фаворитската улога и со втора победа над Вест Виена од Австрија на домашен терен (32-29) се пласира во осминафиналето од ЕХФ Европскиот Куп.
Во второто полувреме разликата беше константно три до четири гола, а потоа се дојде и до плус од пет и без проболеми го приведе мечот кон мирен финиш во своја корист.
Најдобри стрелци кај Алкалоид на овој натпревар беа Мартин Серафимов и Александар Петковски кои дадоа по седум гола, додека кај Вест Виена, Мелешниг погоди пет пати.
Алкалоид ривалот во осминафиналето од ЕХФ Европскиот Куп ќе го дознае на 3 декември. Мечевите се играат во февруари.