Ракометниот клуб Алкалоид реди победи оваа натпреварувачка сезона во македонската Супер Лига.
На гостински терен екипата предводена од тренерот Кирил Лазаров со резултат 29:22 славеше над Охрид.
Во салата „Билјанини извори“ по првото полувреме скопскиот клуб имаше предност од „плус два“ (16:14). Кај победничкиот тим најефикасен беше Серафимов кој запиша 12 голови, а на спротивната страна по три имаат Пешиќ, Цицар и Тасески.
Се одиграа уште четири мечеви: Струга – Вардар 1961 25:34, Куманово – Радовиш 30:26, Бисинов – Тиквеш 22:33 и Тинекс Пролет – Бутел 24:19.
Табела: Алкалоид 22 бодови, Вардар 1961 20, Еурофарм Пелистер 18, Охрид 16, Бутел 12, Тиквеш 11, Тинекс Пролет 10, Прилеп 9, Куманово 6, Струга 4, Бисинов 3, Радовиш 1.