Ракомет

РК Алкалоид останува перфектен во Суперлигата

РК Алкалоид останува перфектен во Суперлигата

Ракометарите на Алкалоид без никакви проблеми остварија победа над Струга (35:20) во последниот натпревар од шестото коло во Суперлигата.

Во елемент беше искусното крило Костески со дури 13 постигнати погодоци, Бинго имаше 6 реализации исто колку и најдобриот кај поразените Мијушковиќ.
РК Алкалоид во наредната рунда му гостува на Бисинов, додека Струга ќе бара бодови со Радовиш.
To top